Ekrem Biçeroğlu
19 Октомври 2023•Ажурирај: 20 Октомври 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Во нападите на Израел врз Појасот Газа, од 3.785 загинати Палестинци, 1.524 се деца, јавува Анадолу.
Ашраф ал Кудра, портпарол на палестинското Министерство за здравство во Газа, наведе дека од 7 октомври досега загинале 1.524 палестински деца и 1.000 жени.
Тој истакна дека од 12.493 ранети, 3.983 се деца и 3.300 жени.
Газа преживува тешка хуманитарна криза без струја, а водата, храната, горивото и медицинските потреби се при крај.
Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и опсада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.
Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа.
Во нападите на Хамас загинаа над 1.400 Израелци.