Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Во израелските напади на Појасот Газа убиени се 174 Палестинци во последните 24 часа

- Во соопштението се наведува дека израелските сили извршиле 18 масакри во последните 24 часа
Safiye Karabacak
27 Јануари 2024•Ажурирано: 28 Јануари 2024
Во израелските напади на Појасот Газа убиени се 174 Палестинци во последните 24 часа

ГАЗА (АА) - Најмалку 174 Палестинци се убиени, а 310 се ранети во израелските напади на Појасот Газа во последните 24 часа, соопшти денес Министертвото за здравство на палестинската енклава, пренесува Анадолу.

Во соопштението се наведува дека израелските сили извршиле 18 масакри во последните 24 часа.

Се додава дека голем број луѓе и понатака се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачките екипи не можат да дојдат до нив.

Заедно со најновите палестинските жртви, бројката на загинати во израелските напади во Појасот Газа кои започнаа на 7 октомври, се зголеми на 26.257, а ранети се 64.797 Палестинци, соопшти министерството за здравство.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Според податоците на Обединетите нации, 85% од населението на Појасот Газа е интерно раселено и се соочува со акутен недостаток на храна, чиста вода и лекарства, додека околу 60% од инфраструктурата во Појасот Газа е оштетена или уништена.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.


related_topics:
Убиенипојас ГазаПалестинци
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Голем број граѓани на протестите во Белград бараа повторување на изборите

Голем број граѓани на протестите во Белград бараа повторување на изборите

Следно

Индија и Франција загрижени поради масовните убиства во Појасот Газа

Индија и Франција загрижени поради масовните убиства во Појасот Газа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ЦЕНТКОМ: САД извршија напади врз Иран по нападите врз бродови во Ормускиот Теснец

Британскиот премиер Стармер одржа одделни разговори со холандскиот и норвешкиот колега во Анкара

Турскиот министер за одбрана ги пречека колегите од НАТО во воениот штаб од новата генерација

Санчез: Шпанија ќе продолжи да ги исполнува обврските кон НАТО

Пакистански товарен авион исчезна над Арапското Море

Шефот на турската дипломатија присуствуваше на состанок во затворен формат на маргините на Самитот на НАТО во Анкара

Турскиот министер за надворешни работи присуствуваше на состаноците на НАТО во Анкара

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

"Aegean Airlines": Израелци одбија да летаат со двајца Палестинци во авионот

"Aegean Airlines": Израелци одбија да летаат со двајца Палестинци во авионот

Израелските сили приведоа палестински новинар

Израелските сили приведоа палестински новинар

Бан Ки-мун: Се срамам поради недостатокот на напредок помеѓу Израел и Палестина

Бан Ки-мун: Се срамам поради недостатокот на напредок помеѓу Израел и Палестина

Израел: Спречено влегувањето на делегацијата на ЕП во Појасот Газа

Израел: Спречено влегувањето на делегацијата на ЕП во Појасот Газа

Западен Брег: Израелската армија во текот на ноќта уапси 18 Палестинци

Западен Брег: Израелската армија во текот на ноќта уапси 18 Палестинци

Израел: Арапската заедница стапи во генерален штрајк

Израел: Арапската заедница стапи во генерален штрајк

Израел подготвен да ги продолжи мировните преговори со Палестинците

Израел подготвен да ги продолжи мировните преговори со Палестинците

Во Авганистан убиени 10 Талибанци

Во Авганистан убиени 10 Талибанци

Западен брег: Четири палестински момчиња повредени во судир со Израелци

Западен брег: Четири палестински момчиња повредени во судир со Израелци

Израелската полиција приведе 38 Палестинци

Израелската полиција приведе 38 Палестинци