Muhammed Emin Canik
15 Мај 2024•Ажурирај: 16 Мај 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку десетина раселени Палестинци се убиени во бомбардирањето на израелската Армија на клиниката на Обединетите нации (ОН) во Газа, пренесува Анадолу.
Според палестинската новинска агенција ВАФА, израелската војска продолжила со нападите во различни делови на Појасот Газа и во текот на ноќта.
Израелската војска ја бомбардираше клиниката која делува во рамките на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) во квартот Ал Абра во јужниот дел на градот Газа.
Во израелското бомбардирање се убиени 10 раселени Палестинци.
Четворица Палестинци се убиени во бомбардирањето во Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа.
Во бомбардирањето извршено во бегалскиот камп Ал-Бурејџ, убиени се 5 лица, меѓу кои едно е дете.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври досега се убиени повеќе од 35.180 Палестинци, од кои 14.944 деца и 9.849 жени и 79.061 се повредени во услови на масовното уништување и големиот недостиг на неопходни средства за живот.
Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат илјадници убиени Палестинци.