Gorana Jakovljevic
04 Декември 2022•Ажурирај: 05 Декември 2022
АГАМ (АА) - Цветот титаничен аморфофалус (Titan arum), познат и како „цвет на мртовец“, висок 4 метри и 39 сантиметри, процвета во индонезиската шума Палупуах на островот Суматра, известува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за заштита на природата на Западна Суматра соопшти дека овој титаничен аморфофалус е еден од најголемите цветови што некогаш е пронајден како цвета во шума.

Овој редок растителен вид, познат како „Amorphophallus titanum“, по потекло е од Индонезија. Името „цвет на мртовец“ го добил поради непријатната миризба на трулеж што му помага да привлече опрашувачи во периодот кога цвета.