Mesut Zeyrek
02 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
КЕЛН (АА) - Во организација на Здружението Хасене кое работи во рамките на Исламската заедница Мили Горуш во германскиот град Келн, денес беше одржана меѓународна конференција на тема „Кризата со Рохинџа муслиманите и можните решенија“, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Меѓународната организација на Рохинџа муслиманите од Аракан, Нурул Ислам, во говорот пред присутните рече дека и понатаму продолжува етничкиот, верскиот и политичкиот прогон на муслиманите од Аракан.
„Целта е да се истреби муслиманската заедница во Аракан“, рече Ислам, додавајќи дека сурова тиранијата се случува пред очите на целиот свет.
Тој нагласи дека Владата на Мјанмар, армијата и некои екстремни групи вршат тиранија и насилство врз муслиманите од Аракан.
Посочи дека Рохинџа муслиманите во Аракан се локално население кое, како што рече, го потврдуваат бројни историски документи и договори.
„Сепак, во Aракан луѓето ги раскаруваа. Сега тие се обидуваат да го истребат нашиот народ. Законите ги толкуваат во нивна полза. Светот е навистина во длабок шок. На сцена се етничката, верската и политичката тиранија“, рече Ислам.
Тој истакна дека араканските муслимани се лишени од правото на лична слобода 60 години.
„Животното има право да се движи од едно до друго место, но ние го немаме тоа право. Ни го земаат од рака дури и правото на живот“, рече Ислам.
На крај истакна дека муслиманите од Аракан поради тиранијата и разните форми на притисок мора да бегаат во други земји во потрага по побезбедно место за живеење.
„И ние треба да ги уживаме истите права што другите етнички групи ги имаат во Мјанмар“, заклучи Ислам во своето излагање.
Кемал Ергун, претседателот на Исламската заедница Мили Горуш (IGMG), истакна дека со оваа конференција сакаат да ѝ се спротивстават на тиранијата која го деградира човечкото достоинство.
Тој додаде дека главната цел на Конференцијата е да се привлече внимание врз геноцидот врз муслиманите во Aракан, Мјанмар, и од различни агли да се погледне на можните решенија на проблемите.
„Мора да работиме напорно со цел заедно да ги елиминираме постапките со кои се предизвикува криза, која стана голем срам за ова време, така што во тој регион над стотици илјади луѓе, деца, жени и постари лица, се протерани од своите домови и над кои се извршени најпримитивните форми на насилство“, рече Ергун.
На крајот тој истакна дека освен изразување на загриженост и осуда, потребно е да се направи многу повеќе откако од Аракан од смртта, тиранијата и насилството избегаа дури 700.000 луѓе.
„Тоа е наша човечка обврска, но и обврска која ни ја наложува нашата вера“, изјави Ергун, изразувајќи надеж дека Конференцијата барем делумно ќе помогне да се реши оваа криза на хуманоста во Aракан.
Учесниците на Конференцијата во Келн разговараа за многу теми, вклучително и за историјата за Рохинџа муслиманте, злосторствата над нив, како и правните механизми за решавање на долгогодишната криза.
На конференцијата учествуваа вкупно 20 излагачи, вклучително и поранешни амбасадори, поранешни министри, професори, историчари и активисти за човекови права.