Gorana Jakovljevic
07 Мај 2023•Ажурирај: 08 Мај 2023
КИЕВ (АА) - Жителите на Украина продолжуваат да живеат во тешките услови во земјата поради војната со Русија која трае повеќе од година дена, известува Анадолу.
Во главниот град Киев жителите го искористија сончевото време и уживаа во пролета шетајќи низ паркот во кој се поставени противтенковски железни ежови.

Без разлика на овие потсетници на војната во која се наоѓа земјата, луѓето се сликаа со цвеќето и расцветаните дрвја во паркот.
Според последните податоци на Обединетите нации за руско-украинската војна, животот го загубија 8.709 цивили, a ранети се 14.666.