Mehmet Şah Yılmaz,Muhammet Tarhan
14 Јануари 2022•Ажурирај: 17 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Специјалните претставници на Турција и Ерменија денеска се состанаа во Москва и разговараа за процесот за нормализација на односите меѓу двете земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дипломатски извор информира дека првата средба меѓу турскиот претставник, амбасадорот Сердар Килич и ерменскиот претставник Рубин Рубинјан траела час и половина.
Делегациите не соопштуваат повеќе детали за билатералните разговори.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, на 13 декември во Народното собрание на Турција изјави дека земјата започнува нова ера во односите со Ерменија.
Два дена подоцна, амбасадорот Сердар Килич беше назначен за специјален претставник на Турција во Ерменија.
Од друга страна, Ерменија го назначи потпретседателот на Парламентот, Рубен Рубинјан, за специјален претставник за Турција.