Ruslan Rehimov
09 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека еден азербејџански војник загинал како последица на отворен оган од страна на Ерменските вооружени сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, ерменските војници отвориле оган врз азербејџанските позиции во регионот Келбеџар на границата. Во нападот извршен во ноќните часови, животот го загубил азербејџанскиот војник Асиф Алиев.
Со интервенција на Азербејџанската армија, ерменските напади се спречени.
Министерството, исто така додаде дека целата одговорност за тензијата ја имаат војската и политичарите на Ерменија.