Alaattin Doğru
08 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
ДАКАР
Во северниот дел на западноафриканската земја Мали терористи изведоа напад врз војската. Во нападот животот го загубија 25 војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави официјалната информативна агенција Амап, владата на Мали информирала дека во подрачјето Бамба во провинцијата Гао терористи кои се поврзани со Ал Каеда нападнале воен камп, при што во нападот животот го загубиле 25 војници.
Во нападот се ранети и 6 војници, а неутрализирани се 8 терористи.
Вооружените сили на Мали преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објавија дека се испратени дополнителни сили во подрачјето на нападот, информирајќи дека во кампот кој се наоѓа под контрола на војската, причинета е голема штета врз магазинот со муниција.
- Насилни настани во Мали
Од 2012 година, северните и централните делови на земјата се место на сепаратистички судири и терористички напади.
Ниту мисијата на Франција во Мали под името Операција „Баркхане“, во која учествуваат 4.000 војници и 15.000 [цивилни] лица кои се дел од мировните сили на Мисијата на Обединетите нации за стабилизација на состојбата во Мали (MINUSMA), досега не успеаја да ја отстранат безбедносната закана во оваа африканска земја.