Sarp Özer
14 Декември 2018•Ажурирај: 15 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Во операцијата на Вооружените сили на Турција, насочена кон северниот дел на Ирак, покрај повеќе од 20 авиони, учество земаа беспилотни летала и авиони-танкери за гориво, при што се уништени 30 цели на терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар операцијата во северниот дел на Ирак ја следеше од Центарот за операции на воздухопловните сили на Командата на Вооружените сили на Турција.
„Оваа задача заврши и спроведувајќи ги подготовките со истата сериозност и искреност, ќе бидеме спремни и за следните задачи“, изјави Акар.
Целите беа координирани со помош на разузнавачките единици, при што беше покажанонајвисоко ниво на чувствителност по прашањето на заштитата на безбедноста на цивилното население и околината.
Потсетуваме, турските сили вчера извршија воздушна операција на подрачјето на Синџар и планината Караџак, на северот на Ирак, кои терористите на ПКК ги користат како своја база.
Според соопштението на Министерството за одбрана на Турција, воздушната операција е изведена во согласност со легитимно право на самоодбрана кое произлегува од меѓународното право.
Целта на операцијата е да се неутрализираат ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ и други терористички елементи, да се спречат терористичките напади од северот на Ирак на народот и на силите за безбедност и да се воспостави безбедност на границите.
Во соопштението се додава дека мета на операцијата биле упоришта, пештери и тунели каде се наоѓаат терористите и дека се преземени потребни мерки за да животот на цивилите и нивниот имот бидат сигурни.