Yusuf Özcan
30 Септември 2019•Ажурирај: 01 Октомври 2019
ПАРИЗ (АА) – Во Париз, главниот град на Франција, се одржа погребна церемонија за поранешниот француски претседател Жак Ширак, пренесува Anadolu Agency (AA).
По церемонијата за семејството на Ширак во катедралата „Сан Луис“ во Париз, се одржа церемонија и во црквата „Сен Сулпис“.
На церемонијата присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон, рускиот претседател Владимир Путин, германскиот претседател Франк Волтер Штајнмаер, италијанскиот претседател Серџо Матарела, претседателот на Комисијата на Европската Унија, Жан Клод Јункер, емирот од Катар, шеик Темим бин Хамед Ал Сани, либанскиот премиер Саад ал Харири, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, поранешните француски претседатели Никола Саркози и Франсоа Оланд, лидери на политичките партии, политичари, семејството на Ширак, како и голем број граѓани.
На погребната церемонија Турција ја претставуваше турскиот амбасадор во Париз, Исмаил Хаки Муса.
Марин Ле Пен, лидерката на екстремно десничарската партија Национално единство, не присуствуваше на церемонијата, бидејќи семејството на Ширак не сакаше таа да присуствува.
Французите, собирајќи се пред црквата, не го оставија Ширак сам на неговото последно патување.
По погребната церемонија Ширак беше погребан на гробиштата „Монпарнас“.
Макрон во Елисејската палата ќе приреди ручек за лидерите кои присуствуваа на погребната церемонија.
Денеска во Франција беше прогласена Национална жалост поради смртта на Ширак.
Жак Ширак, кој почина на 86-годишна возраст во четвртокот, минатата недела, својата политичка кариера ја започна како член на Општинскиот совет. По функцијата градоначалник на Париз, во два мандати од 1995 до 2007 беше избран за претседател на Франција.
Ширак, заедно со поранешните претседатели Франсоа Митеран и Шарл де Гол е еден од најважните претседатели на Франција. Тој исто така беше познат како една од најважните личности на десниот центар.
Ширак даде поддршка на членството на Турција во Европската Унија, и се спротивстави на инвазијата на Ирак во 2003 година.