Fuat Kabakcı
30 Септември 2019•Ажурирај: 01 Октомври 2019
ПЕКИНГ
Во пожар што избувна во фабрика во кинеската покраина Џеѓанг животот го загубија 19 лица, а 3 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави весникот „Глобал тајмс“ (Global Times), кој е еден од официјалните медиумски органи на Кинеската комунистичка партија, во местото Нинхаи, сместено во подрачјето на градот Нингбо, во кинеската покраина Џеѓанг вчера напладне избувнал пожар во фабрика за производи за дневна употреба.
Во пожарот животот го загубија 19 работници, а тројца се повредени.
Пожарот кој предизвикал голема материјална штета бил изгаснат по 3,5-часовна борба.
Во тек е истрага за откривање на причините за избувнување на пожарот.