Shadi Khan Saif
15 Јули 2018•Ажурирај: 16 Јули 2018
КАБУЛ (АА) - За време на првите 6 месеци од 2018 година, во различните напади во војната во разорениот Авганистан, регистрирани се рекорден број жртви, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Извештајот на Мисијата за помош во Авганистан при Обединестите нации (UNAMA), објавен во неделата, во првата половина оваа година, во оваа земја официјално се регистрирани 5.122 цивилни жртви, меѓу кои 1.692 загинати и 3.430 повредени.
Се наведува дека тоа се најголемиот број жртви во првите 6 месеци од годината, датирајќи од 2009 година, од кога ОН почнаа да ги документираат цивилните жртви.
Во набљудуваниот период беа забележани рекорден број жртви, иако авганистанските власти и Талибанците во јуни постигнаа тридневно примирје за време на празниците.
„Сепак, краткото примирје покажа дека е можно да се запре конфликтот и дека авганистанските цивили повеќе не мора да бидат најголеми жртви“, рече Тадамичи Јамамото, претседател на Мисијата за помош во Авганистан и специјален претставник на генералниот секретар на ОН за Авганистан.
Извештајот на ОН ги повикува сите страни во конфликтот да направат дополнителни напори за постигнување мирно решение.
Се додава дека половина од жртвите настрадале во самоубиствени напади и импровизирани експлозивни направи.
Во Извештајот се додава и дека 52 отсто од жртвите настрадале во напади на ДЕАШ, додека Талибанците се одговорни за 40 отсто од цивилните жртви.