Mohamed Sabry Emam Muhammed
15 Јули 2018•Ажурирај: 16 Јули 2018
ДЕРА (АА) - Конвој со противници на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, денес ја напушти југозападната сириска покраина Дера, и тргна кон северната покраина Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дописникот на АА од подрачјето, конвојот од 15 автобуси пренесува 700 евакуирани лица, вклучително 60 деца и 30 жени.

Сè уште не е познато дали ќе има и други конвои од Дера.
Минатиот месец силите на режимот започнаа опсежна воена операција во Дера, поддржана од руските воздухопловни сили, што доведе до воспоставување контрола од страна на сирискиот режим и неговите сојузници над поголемиот дел од јужната граница на земјата со Јордан, во согласност со Договорот за прекин на огнот меѓу Русија и оружените опозициски групи.

Судирите доведоа до голема криза на раселување, во која 350.000 цивили избегаа од Дера кон областите близу јорданската граница.
На мировните преговори одржани минатата година во казахстанскиот главен град Астана, Дера беше назначена како зона без судири.