İzzet Taşkıran
10 Февруари 2020•Ажурирај: 11 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - ИЗЕТ ТАШКИРАН -
Целиот воздушен сообраќај во 2019 годна, вклучувајќи ги и летовите реализирани со користење на аеродромите во Турција, како и транзит-летовите, забележа раст од 13.071 лет во споредба со минатата година, односно достигна 2 милиони 30 илјади и 291 лет, и тоа покажува дека во просек 232 авиони на час го користеле воздушниот простор на Турција, пишува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од Генералната дирекција на државните аеродроми на Турција, минатата година, воздушниот простор на Турција со големина од околу 1 милион квадратни метри, помина низ интензивен период што се однесува до летовите реализирани од сите аеродроми низ земјата и транзит-летовите во овој воздушен простор.
Минатата година, на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул биле реализирани вкупно 138.239 летови, додека на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул биле реализирани вкупно 235.072.
На аеродромот „Истанбул“, од 7 април 2019 година до крајот на годината биле реализирани 329.799 летови.
На аеродромот „Есенбога“ во Анкара биле реализирани вкупно 99.216 летови, на аеродромот „Аднан Мендерес“ во Измир 83.192, додека на аеродромот во Анталија биле реализирани вкупно 211.936 летови.
На сите аеродроми низ Турција, минатата година биле реализирани вкупно 1 милион 553 илјади и 501 лет.
Од друга страна, забележан е раст и на транзитните летови во турскиот воздушен простор.
Минатата година од воздушниот простор на Турција транзитно поминале 476.790 авиони, додека оваа бројка претходната година изнесуваше 473.051.
Што се однесува до вкупните летови реализирани од турските аеродроми, како и транзитните летови, вкупно 2.030.291 авион минатата година го користеле воздушниот простор на Турција. Оваа бројка во 2018 година изнесуваше 2.017.220.