Elena Teslova
19 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
МОСКВА
Во последните 24 часа во Русија од последиците на заразување со коронавирус починаа 1.015 лица, што е нов дневен рекорд од почетокот на пандемијата. Со тоа вкупниот број починати од последиците на Ковид-19 е зголемен на 225.325, јавува Агенција Анадолија (АА).
Здравствените власти во Русија соопштија дека во последните 24 часа заразувањето со коронавирус е потврдено кај 33.740 лица. Со тоа бројот на заразени е зголемен на 7,7 милиони.
Потпретседателката на Владата на Русија, Татјана Голикова, која е и на чело на работната група за борба против коронавирусот, минатата недела изјави дека стапката на смртност во државата се зголемила последните месеци.
Таа нагласи дека вакцинацијата останува главно средство за заштита од Ковид-19.
Руските власти го поврзуваат зголемениот број смртни случаи од Ковид-19 со ниската стапка на вакцинација во земјата, каде што се вакцинирани само 43 милиони луѓе, или 30,7 отсто се целосно вакцинирани.