Seda Sevencan
25 Февруари 2022•Ажурирај: 25 Февруари 2022
КИЕВ
Во руските напади во украинскиот регион Запорожје загинаа тројца украински граничари, објави денеска украинската новинска агенција „Укринформ“ (Ukrinform), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Олександр Старук, шефот на регионалната управа на Запорожје, на новинарите им соопшти дека во синоќешниот напад од страна на руската војска врз граничната единица „Приморски Посад“, загинале војници.
„За жал, во текот на ноќта имаше жртви. Во округот Мелитопол на брегот, беше погодена нашата гранична станица. Тројца херои загинаа, наши бранители. Ситуацијата околу градот Мелитопол е тешка. Денеска ќе биде тешко“, рече тој.
Претходно изутрина е објавено дека ракетниот напад ја погодил граничната единица „Приморски Посад“ во регионот Запорожје.