Ruslan Rehimov
10 Април 2022•Ажурирај: 11 Април 2022
КИЕВ (АА) - Канцеларијата на главниот државен обвинител на Украина соопшти дека во руските напади на земјата се убиени 177 деца, а 366 се ранети, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека во руските бомбардирања се оштетени 938 образовни институции, од кои 87 се во потполност уништени.
Војната меѓу Русија и Украина, што започна на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда, доведувајќи до финансиски санкции кон Москва и поттикна заминување на глобалните компании од Русија.