Sümeyye Dilara Dinçer
10 Април 2022•Ажурирај: 11 Април 2022
АНКАРА (АА) - Севернокорејската централна новинска агенција го опиша американскиот претседател Џо Бајден како „сенилен старец“, откако тој изјави дека рускиот претседател Владимир Путин извршил воени злосторства, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот на Севернокорејската централна новинска агенција (KCNA), за Бајден е употребен изразот „сенилен старец“ во врска со неговата реакција за убивањето цивили во украинскиот град Буча, објавена на телевизискиот канал „News Asia“.
„Такви изјави можат да дадат само потомци на Јенки кои се вешти во агресија и завери“, се наведува во текстот на корејската агенција.
Во текстот се вели дека „иднината на САД, каде што таков човек е на власт, е мрачна“.
Севернокорејскиот државен медиум КЦНА (KCNA), претходно ги критикуваше странските лидери до ниво на навредување.