Fatma Esma Arslan
20 Јануари 2021•Ажурирај: 20 Јануари 2021
ДАКАР
Канцеларијата за координација на хуманитарните работи на Обединетите нации (OCHA) соопшти дека во Сахеловиот Појас 31,4 милиони лица имаат потреба за хуманитарна помош, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот објавен од страна на OCHA се наведува дека Сахеловиот Појас е погоден од пандемијата на Ковид-19, што го зафати целиот свет.
Според извештајот, моментално 31,4 милиони лица имаат потреба за хуманитарна помош, а над 14 милиони лица се соочуваат со несигурност на храната.
Се истакнува дека проблемот со несигурност на храната се појавува во Буркина, Мали и Нигер, кои често се цел на терористички напади, и дека од 2018 година досега за 20 пати се зголемил бројот на раселени лица во овие места.
Во извештајот се наведува дека нападите во овие подрачја ќе го зголемат и бројот на раселените лица во земјата, како и бројот на лица што ќе имаат потреба од хуманитарна помош.