Muhammet Nazım Taşcı
04 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
ГАУХАТИ (АА) – Во североисточната индиска сојузна држава Нагаланд воведена е забрана за продажба на кучешко месо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што објави весникот „Индијан експрес (The Indian Express)“, државниот секретар во сојузната држава, Темјен Тој изјавил дека владата решила да ја прекине трговијата со кучешко месо, како и да се забрани продажбата на кучешко месо на пазарите.
Сојузната Влада оваа одлука ја донесе по повикот на пратеничката и активистка за правата на животните, Манека Ганди.
По повикот на Ганди за забрана за продажба на кучешко месо, над 125.000 лица од Владата на Нагаланд побараа да ја забрани трговијата со кучиња и продажбата на кучешкото месо.
Од друга страна, некои невладини организации во Нагаланд реагираа на оваа одлука на сојузната Влада.
Кучешко месо е традиционален деликатес во државите во североисточниот дел на Индија.
Меѓународна организација за заштита на правата на животните (HSI), го поздрави чекорот на Владата.
Организацијата наведува дека во Нагаланд секоја година се крадат околу 30.000 кучиња за да се продаваат на пазарите.