Ayhan Mehmet
08 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
АТИНА (AA) - Едно лице смртно настрада во тепачка во мигрантскиот камп „Мориа“ на грчкиот остров Лезбос, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кампот „Мориа“ познат е по многу лошите животни услови за мигрантите кои се наоѓаат во него.
Во тепачката помеѓу мигрантите едно лице почина од последиците на повредите добиени од ладно оружје.
Грчките медиуми наведуваат дека од уште неутврдени причини, се судриле две групи мигранти.
Еден од мигрантите со нож нанел повреди на 16-годишен мигрант од Авганистан, кој почина во болница.
Хоспитализирани се уште четири лица, од кои две се во тешка здравствена состојба.