Mahmoud Barakat
21 Октомври 2018•Ажурирај: 22 Октомври 2018
САНА (АА) - Јеменските здравствени инстанци соопштија дека од минатата недела вкупно 12 лица ги загубиле животите како резултат на тропската бура во источната јеменска покраина Махра, јавува Anadolu Agency (AA).
„Вкупно 126 лица се повредени во невремето“, изјави Авад Мубарак за АА.
Тој изрази стравување од можно избивање на епидемија од колера и маларија од застоената вода поради бурата.
Според Ваел Карим, координатор за итни случаи при јеменската Црвена полумесечина во Махра, денес во покраината е пронајдено тело на сомалиски државјанин.
Махра е зафатена од силни ветришта и поројни врнежи од дожд од минатата недела, по формирањето на циклонот Лубан во Арапското Море, во близина на брегот на Оман, на почетокот од овој месец.
Според официјални јеменски претставници, околу 3.800 семејства се раселени во Махра од минатата недела.
Ова е петти пат Јемен да е погоден од тропска бура од 2015 година.
Од 2014 година, кога шиитските бунтовници Хуси го презедоа поголемиот дел од земјата, осиромашениот Јемен стана средиште на судири и превирања.