Dmitri Chirciu
12 Мај 2022•Ажурирај: 13 Мај 2022
КИЕВ (АА) – Во војната меѓу Русија и Украина која трае повеќе од 2 месеци, започнаа проблеми со недостиг на бензин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На бензинските пумпи во Киев повеќе од една недела се забележани долги редици од автомобили поради недостигот на бензин.
Во изминативе недели, на бензинските пумпи возилата можеа да набавуваат само 10 литри бензин дневно.
Во последните неколку дена дел од бензинските пумпи можеа да продаваат бензин само со посебна дозвола, додека останатите бензински пумпи не можеа да продаваат гориво.
Се нагласува дека проблемот со бензинот во земјата ќе трае со недели.
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, на владината седница одржана на 7 мај за проблемот со бензинот рече: „Главната задача на членовите на Владата е да го забрзаат транспортот на горивото од пристаништата во Европа до нашите потрошувачи. Обемот на испорака треба да се зголемува секојдневно.“