Mücahit Oktay
12 Мај 2022•Ажурирај: 12 Мај 2022
ЊУЈОРК (АА) - Според информациите објавени од Центарот за контрола и превенција на болести на Соединетите Американски Држави (CDC), објави дека повеќе од 100.000 луѓе во земјата починале поради предозирање со лекови во 2021 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците што ги објави Националниот центар за здравствена статистика (NHSC) на САД, кој е дел од ЦДЦ, во 2021 година, на ниво на целата земја, бројката на смртни случаи предизвикани од предозирање со лекови изнесува над 100.000, што е раст од 15 отсто во однос на претходната година.
Рекордното зголемување на смртните случаи од предозирање Националниот центар го припишува на потешкотиите во пристапот до лекарски третман поради зафатеноста во болниците за време на епидемијата на Ковид-19, социјалната изолација и зголемувањето на понудата на лекови со наркотични својства.
Властите истакнуваат дека над 80.000 од овие смртни случаи биле предизвикани од употреба на лекови во форма на апчиња со својства за ублажување на болката, слични на фентанил, кој е 100 пати посилен од морфинот.
Освен тоа, податоците открија дека најголем број смртни случаи предизвикани од предозирање со лекови во 2021 година се случиле во сојузната држава Алјаска, што претставува зголемување од 75 отсто во однос на претходната година.
Националниот центар за здравствена статистика објави дека смртните случаи поради предозирање забележале раст од 30 отсто во 2020 година, првата година од епидемијата на Ковид-19 во САД, во споредба со претходната година.