Mehmet Yılmaz
17 Мај 2019•Ажурирај: 19 Мај 2019
БУДИМПЕШТА (АА) - Во Унгарија, Судот одреди двегодишна затворска казна за брачен пар, припадници на терористичката ЈПК/ПКК, поради „финансирање на тероризмот“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според Унгарската новинска агенција (МТИ), од страна на Градскиот суд во Сегед, обвинетите биле осудени на две години затвор за „финансирање на тероризмот“, а исто така, им е забранет влез во Унгарија во рок од 8 години.
Соопштено е дека обвинетиот од 2009 година се вклучил во терористичката организација ПКК, која и од Европската Унија е означена како терористичка организација. Терористот учествувал во активностите на организацијата во Сирија. Нема информации за потеклото на обвинетиот.
Обвинетата пак, е од иранско потекло, а во ПКК се вклучила во 2010 година. Таа исто како и нејзиниот сопруг од 2014 година учествувала во активностите на организацијата во Сирија.
Во веста, исто така, се посочува дека обвинетите во 2015 година ја напуштиле терористичката организација, се венчале и преку илегални патишта во 2017 година стигнале до границата со Унгарија, каде што поднеле барање за азил.