Atila Altuntaş
17 Август 2023•Ажурирај: 18 Август 2023
СТОКХОЛМ (АА) - Шефицата на Шведската разузнавачка служба (SEPO), Шарлот фон Есен, објави дека нивото на национална закана од тероризмот во земјата е зголемено од 3 на 4, јавува Анадолу.
Фон Есен на прес-конференција изјави дека безбедносната ситуација во Шведска е влошена поради палењето на светата муслиманска книга Куранот и протестите.
Таа појасни дека одлуката ја донеле токму поради влошената безбедносна состојба.
„Го подигнавме нивото на закана од 3 на 4 на националната скала за тероризам. Одлуката се заснова на севкупна проценка на постепеното влошување на нивото на закана“, рече Фон Есен.
По провокативните напади на Куранот во Шведска, Велика Британија на 12 август ги предупреди своите граѓани кои патуваат во Шведска на терористички закани.
Нападите и сквернавењето на Куранот неодамна се засилија во Шведска и Данска.