Tevfik Durul
20 Мај 2021•Ажурирај: 20 Мај 2021
АТИНА (АА) - Голем број куќи и манастири се оштетени во шумскиот пожар што избувна во подрачјето Лутраки, западно од Атина, главниот град на Грција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во грчките медиуми, пожарот избувнал во вечерните часови во пошуменото подрачје Коринт, во туристичкото место Лутраки, околу 100 километри западно од Атина.
Откако пламените јазици се проширија во станбени подрачја, властите ги евакуираа луѓето од големиот број куќи и манастири.
Во гаснењето на пожарот вклучени беа 17 авиони, 182 пожарникари и 62 возила, а работата ја поддржаа и голем број доброволци.
Властите соопштија дека пожарот е ставен под контрола, но истакнуваат дека ситуацијата била критична. Пожарот што се кревал од шумата за кратко време се проширил поради силниот ветер во регионот.