Riyaz ul Khaliq
21 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Вкупно 87.962 лица се пријавени за исчезнати во Јапонија минатата година, што претставува најголем број во изминатата декада, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Во исчезнатите лица спаѓаат и оние кои настрадале од социјални и економски прашања и болести, вклучувајќи деменција“, објави дневниот весник „Џапан тајмс“ („Japan Times“).
„Во бројката од 18.518 исчезнати лица најмногу има лица на возраст во дваесеттите години. Од вкупниот број, 64,1 отсто се машки, а 35,9 отсто се женски лица“, објави весникот, кој ги цитираше податоците од полицијата.
Полициските податоци, исто така, покажуваат дека болестите, во кои спаѓа деменцијата, се најголема причина за исчезнувањата, со бројка од 23.347 или 26,5 отсто, при што некои исчезнувања со бројка од 14.866 лица или 16,9 отсто се поради фамилијарни проблеми, и 10.980 лица или 12,5 отсто поради економски проблеми.
Се додава дека бројот на исчезнати лица кои страдале од деменција достигнал рекордна бројка од 16.927 минатата година, речиси двојно повеќе откако полицијата почна да собира податоци во 2012 година.
„Како одраз на брзо стареење на општеството, бројката поставува нови рекорди секоја година. Во 2018 година, од 2017, се искачи за 1.064 лица“, јавува весникот.
Минатиот вторник, јапонската Влада одобри нова програма со цел да им се помогне на пациентите со деменција да живеат покомфорно, а земјата очекува 7 милиони постари лица да страдаат од деменција до 2025 година.