Ahmet Furkan Mercan
04 Септември 2021•Ажурирај: 06 Септември 2021
ТОКИО (АА) - Во Јапонија е регистрирана ми-варијантата на коронавирусот (Ковид-19), која првпат беше откриена во Колумбија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство објави дека ми-варијантата на вирусот е откриена кај две лица во Јапонија.
Еден од случаите е откриен кај патник од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на аеродромот „Нарита“ источно од Токио, а другиот кај патник од Велика Британија на аеродромот „Ханеда“ во главниот град Токио. Патниците се ставени во карантин на аеродромот.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти претходно дека ми-варијантата има поотпорни мутации на вакцините, но дека се потребни дополнителни истражувања на таа тема.
Делта е и понатаму доминантна варијанта на коронавирусот во Јапонија.