Safiye Karabacak
22 Ноември 2018•Ажурирај: 23 Ноември 2018
АДЕН (АА) - Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека поради војната во Јемен, 8,6 милиони деца немаат пристап до вода за пиење, пренесува Anadolu Agency (AA).
На профилот на Твитер на УНИЦЕФ во Јемен е напишано дека децата, поради нехигиенски услови и недостиг на вода се соочени со ризик од заболување од колера.
Се наведува дека секое дете има право на чиста вода и дека е потребно децата да се заштитат од ризик со зараза од колера.
Светската здравствена организација (СЗО) во вторникот соопшти дека на 80 отсто од децата во Јемен им е потребна хуманитарна помош. УНИЦЕФ претходно предупреди дека на секои 10 минути во Јемен починува дете поради болест, која постои можност да се спречи.
Јемен е една од најсиромашните земји на светот, а хуманитарната криза е додатно продлабочена со војната која трае повеќе години.
Во судирите, за период подолг од три години загинаа илјадници лица.