Betül Yürük
15 Јули 2018•Ажурирај: 16 Јули 2018
ЊУЈОРК (АА) - Во Њујорк се одржа Програма по повод одбележувањето на Денот на демократијата и националното единство во Турција, во сеќавање на жртвите во државниот удар кој припадниците на терористичката организација ФЕТО се обидоа да го извршат во оваа земја на 15 јули 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
На Програмата беа присутни генералниот конзул на Република Турција во Њујорк, Ертан Јалчин и бројни гости.
Заменик-претседателката на Здружението „15 јули“, Зејнеп Бајрамоглу, изјави дека и покрај тоа што поминаа две години од обидот за пуч, неговите последици се чувствуваат и понатаму.
Таа потсети дека обидот за пуч кој предизвика колективна траума, доведе до значајни загуби.
„Во изминатиот период ги превивме раните. На 24 јуни одржавме важна лекција. Сега е време за новата Турција. Додека ние го градиме новиот период, нема да ги заборавиме лекциите на кои нè научи 15 јули“, изјави Бајрамоглу.
Таа истакна дека обидот за пуч беше последна фаза на планот на припадниците на терористичката организација ФЕТО да ја преземат контролата врз Турција.
Понатаму укажа на тоа дека западните медиуми веќе подолго време пласираат дезинформации за претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
„Оние кои констатнтно тврдат дека Турција се оддалечила од демократијата, треба да се прашаат за докази“, смета Бајрамоглу.
Членот на Управниот одбор на Здружението „15 јули“, Муаз Eргазен, потсети дека припадниците на ФЕТО на 15 јули 2016 година се обидоа да го поткопаат уставниот поредок, фрлаа бомби на Народното собрание на Турција и се обидоа да извршат атентат врз турскиот претседател.
Тој се осврна и на судските процеси кои ги покренаа државните институции и организации.
Додаде дека во Турција се водат 288 судски процеси во врска со обидот за пуч. Од нив 56 се водат во Анкара, во Истанбул 53, а останатите 179 во други турски градови.