Islam Uddin
02 Септември 2022•Ажурирај: 05 Септември 2022
НАЈПЈИДАВ (АА) – Судот на воената хунта во Мјанмар ја осуди соборената лидерка на таа земја, Аунг Сан Су Чи, на три години затвор под обвинение за изборна измама, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалната медиумска мрежа „Кит тит медиа“ (Khit Thit Media) објави дека пресудата ја изрекол Советот за војна против тероризмот на Мјанмар.
Мјанмарската воена хунта и минатиот месец ја осуди Су Чи на 6 години затвор. Претходно беше осудена по шест различни обвиненија во декември, јануари и април.
Откако војската ја собори Владата во Мјанмар во февруари минатата година, Су Чи е осудена на вкупно 20 години затвор. Таа од јуни се наоѓа во затворска самица.
По нејзиното соборување во воениот удар на 24 февруари 2021 година, Су Чи беше ставена во домашен притвор до април оваа година, кога беше префрлена на непозната локација, за која се верува дека е затворот „Најпитав“.