Emel Öz Gözellik
05 Декември 2019•Ажурирај: 06 Декември 2019
МЕКСИКО (АА) - Во Мексико, недалеку од границата со Соединетите Американски Држави (САД), дојде до вооружен судир на безбедносните сили со вооружена група. Во судирот животот го загубија 24 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претставниците на власта на мексиканската сојузна држава Коауила информираа дека викендов во градот Виља Унион вооружени лица со камиони извршиле напад врз објекти на локалната власт, по што дошло до судир со припадниците на безбедносните сили. Пронајдени се уште 3 тела, така што во моментов бројот на загинати се искачи на 24 лица.
По овој настан во подрачјето е запленето големо количество оружје и муниција.
Се претпоставува дека вооружената група ја сочинувале членови на картелот Норесте. Во пресметката животот го загубија 4 полицајци.
По бранот насилства, кој следуваше откако во Мексико во 2006 година започна борбата против наркокартелите, досега животот го загубија повеќе од 300.000 лица, околу 340.000 Мексиканци се раселија, а околу 40.000 лица се водат како исчезнати.
Минатата година во Мексико, кое има 120 милиони жители, извршени се 35.964 убиства, претежно поврзани со наркокартелите.
Во 2017 година бројот на убиени лица изнесуваше 32.079, додека досега во Мексико бројот на убиени е 26.000 лица.