Serdar Dincel
02 Март 2026•Ажурирај: 02 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Саудиска Арабија денес соопшти дека пресретнала и уништила беспилотни летала што биле насочени кон нафтената рафинерија во Рас Танура, сопственост на државниот нафтен гигант Сауди Арамка, јави државната новинска агенција СПА, известува Анадолу.
„Две беспилотни летала што утринава се обиделе да ја нападнат рафинеријата во Рас Танура биле пресретнати и уништени“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана, кој беше цитиран.
„Ограничен пожар настанал како резултат на паѓање на шрапнели за време на операцијата за пресретнување, без цивилни жртви“, се наведува во соопштението.
Портпаролот додаде дека при операцијата дел од шрапнелите паднале во близина на цивили и цивилни објекти.
Нападот се случи во услови на зголемени тензии во регионот откако во саботата беше започната заедничка воена кампања на САД и Израел против Иран, при што беа убиени неколку високи ирански функционери, меѓу кои и врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи.
Како одговор на тоа, Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, како и кон земјите од Заливот, каде што се наоѓаат американски бази.
Некои медиуми објавија дека рафинеријата била затворена по нападот.