Doğa Kırmızıoğlu
17 Ноември 2021•Ажурирај: 19 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Мадагаскар и Танзанија, во рамките на африканските квалификации за Светското првенство 2022 година, минатиот викенд одиграа нерешено - 1:1, а дури сега се појавија детали за екстремните безбедносни мерки, преземени пред натпреварот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Припадниците на војската на Мадагаскар, пред натпреварот, кој се играше на 14 ноември, по тврдењата дека некои играчи се позитивни на коронавирусот, упаднале во хотелот во кој престојувала репрезентацијата на Танзанија.
Во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Танзанија се наведува дека војниците кои влегле во хотелот, со оружје чекале пред вратите на собите и не им дозволувале на играчите да излезат.
Фудбалерите на селекцијата на Танзанија практично биле „заробени“ во хотелските соби.
На играчите на Танзанија, кои по натпреварот уште некое време биле под строги безбедносни мерки, со задоцнување им било дозволено да го напуштат Мадагаскар.
Во Мадагаскар вкупниот број на заразени од коронавирусот изнесува 43.672, од кои починаа 964, а оздравеа 41.322 лица.