Alptekin Soykan,Halil Demir
25 Јули 2016•Ажурирај: 26 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Како дел од истрагата за обидот за државен удар во Турција, кој беше изведен од страна на терористичка организација Фетулахчи, на паралелната државна структура (ФЕТО / ПДЈ), истанбулската полиција лиши од слобода петмина новинари, јавува Anadolu Agency (AA).
На барање на Одделот за тероризам и организиран криминал во Истанбул, дежурниот кривичен суд во Истанбул утрово издаде налог за апсење на 42 новинари, вклучувајќи го и Назли Илиџак.
Постапувајќи по судска наредба, полицијата веќе започна масовна операција и уапси петмина новинари, а во тек е операцијата за приведување на останатите 37 новинари.
Полицијата, во градот Измир, од слобода лиши 14 новинари опфатени со истрагата во врска со обидот за државен удар, кој во петокот, на 15 јули се обиде да го направи терористичката организација Фетулахчи на државната паралелна структура (ФЕТО / ПДЈ).