Ruslan Rehimov
28 Ноември 2020•Ажурирај: 29 Ноември 2020
БАКУ
Војниците на Азербејџан, кои по 27 години влегоа во градот Келбеџер, што во 1993 година беше окупиран од страна на Ерменија, поставија знаме во центарот на градот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Азербејџан ги објави снимките од Келбеџер, кој на 25 ноември го напуштија Ерменските вооружени сили во согласност со примирјето постигнато помеѓу Азербејџан и Ерменија.
На снимките се забележува дека објектите во градот се оштетени и запалени, додека голем број дрвја биле исечени.
Војниците на Азербејџан поставија знаме на една од зградите во центарот на градот.
Инаку, азербејџанската Војска започна операција на 27 септември, во чии рамки ослободи 5 центри на градови, 4 гратчиња и 286 села, а по ова Ерменија го призна поразот и го потпиша договорот со кој вети дека ќе ги ослободи градовите Агдам, Лачин и Келбеџер кои беа окупирани.
Во согласност со примирјето, Ерменија на 20 ноември со повлече од Агдам, а на 25 ноември се повлече од Келбеџер.
Келбеџер, кој се наоѓа во западниот дел на Азербејџан, на ерменската граница, во северозападниот дел на Нагорно Карабах, беше окупиран во 1993 година од страна на Ерменија.