Kasım İleri
16 Февруари 2021•Ажурирај: 17 Февруари 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Во ракетниот напад на аеродромот во ирачки Ербил, каде што се сместени американски војници, биле лансирани 14 ракети, од кои 4 биле насочени кон кампусот во кој престојувале американските војници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од американски безбедносни извори, во синоќешниот напад извршен врз Ербил со 14 ракети животот го загуби еден вработен, а повредени се петмина вработени и еден војник.
Десет од овие ракети паднаа надвор од кампусот каде што престојуваат американски војници, додека четири ракети го погодија кампусот.
Истрагата за настанот е во тек.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен по нападот на премиерот на Регионалната курдска управа на северен Ирак, Месрур Барзани, му ја пренесе пораката за поддршка од САД.
„Разговаравме со премиерот Месрур Барзани за да му ја пренесеме нашата поддршка кон неговите напори да го испита нападот и да ги повика сторителите на одговорност“, истакна Блинкен.