Selçuk Acar
06 Август 2017•Ажурирај: 06 Август 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во џамија во градот Минесота, Соединетите Американски Држави (САД), се случи експлозија пред утринската молитва, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на локалната полиција, експлозијата се случила околу 5 часот наутро во Исламскиот центар „Dar Al-Farooq“ кој се наоѓа во областа Блумингтон, за што е започната истрага.
Извршниот директор на Заедницата на американски муслимани во Минесота, Асад Заман, во една прес-конференција врз основа на еден сведок, член на заедницата на џамијата, истакна дека експлозијата се случила пред утринската молитва откако едно лице со комбе фрлил предмет кон канцеларијата на имамот и потоа брзо се оддалечил од местото.
Заман пренесе дека за време на експлозијата во џамијата се наоѓале околу 20 лица, но, како што истакна, нема жртви во нападот. Тој додаде дека искршени се прозорците на канцеларијата на имамот.
Исто така, Заман соопшти дека ќе се додели парична награда од 10.000 долари за оние кои ќе помогнат во расветлувањето на случајот.
Според соопштеното, Федералното истражно биро (ФБИ) како и Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (АТФ) се вклучени во истрагата која е започната по настанот.