?kipa
19 Јули 2018•Ажурирај: 20 Јули 2018
ГАЗА (АА) - Како резултат на нападите на израелските војници, во мировните протести кои се одржуваат од 30 март досега, во Појасот Газа животот го загубија 142 Палестинци, додека 16.496 лица се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ешреф ал Кудра, писмено соопшти дека 142 Палестинци, од кои 18 деца, 2 жени, двајца здравствени работници и двајца медиумски работници, загинале како резултат на отворениот оган од страна на израелските војници, за време на демонстрациите кои се одржуваат од 30 март.
Кудра информираше дека за време на демонстрациите, повредени се 16.496 лица, од кои 4.190 со вистински куршуми, 529 со гумени куршуми, 7.421 претрпеле последици од изложеноста на гас, а 4.354 лица се повредени од шрапнел или на различни други начини.
Кудра рече дека 3.126 од вкупниот број на повредените се деца, а 1.362 се жени.
Тој истакна дека меѓу повредените има и случаи на ампутации, од кои на 60 лица им е отстранет орган од горниот дел, а на едно лице од долниот дел на телото, додека на седуммина од повредените им се отсечени прстите.
Кудра рече дека во овие рамки се оштетени 58 амбулантни возила кои се користат во овој регион.
Палестинците од март одржуваат мировни демонстрации на границата на Израел и Газа, која е под блокада, под називот „Марш на големото враќање“.
Израелските војници отворија оган со вистински куршуми врз цивилите кои сакаат да се вратат на своите територии од кои се протерани, и да се укине неправедната блокада, која во Газа се спроведува од 2006 година.