Ekipa
07 Ноември 2019•Ажурирај: 08 Ноември 2019
БЕРЛИН (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска рече дека Турција е клучна за зачувување на безбедноста на Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Од Норвешка на север, до Турција на југ, и САД, Канада и Велика Британија на запад. Сите се клучни за зачувување на безбедноста на Европа“, изјави Столтенберг во своето обраќање во фондацијата „Коербер“, по повод Дијалогот на светските лидери во Берлин.
Потенцирајќи ја важната улога на Турција во заштитата на Европа, изјавата на Столтенберг следуваше по неговите претходни изјави во кои тој го повтори местото на Анкара како важен сојузник на НАТО.
„Треба да се признае дека Турција е важен сојузник“, нагласи Столтенберг во неодамнешното интервју за германскиот неделен весник „Билд ам Зонтаг“ (Bild am Sonntag).
Тој рече дека Анкара има легитимни безбедносни интереси.
„Во борбата против ИСИЛ (ДЕАШ), Турција даде клучен придонес за физичко уништување на таканаречениот калифат. Покрај тоа, ниту една земја сојузник нема згрижено толку многу сириски бегалци, вкупно 3,6 милиони. Ниту една сојузничка на НАТО не претрпе толку терористички напади како Турција“, изјави Столтенберг.
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите во северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.
Анкара постигна договор со Вашингтон на 17 октомври за привремено прекинување на операцијата „Извор на мирот“ заради повлекување на терористите на ЈПГ/ПКК од планираната безбедносна зона во северна Сирија.
На 22 октомври, Турција постигна договор и со Русија за планот составен од 10 точки за принудување на повлекување на терористичката организација ЈПГ/ПКК од планираната безбедносна зона.