Gamze Türkoğlu Oğuz
08 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
ЊУЈОРК
Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се бара итно повлекување на руските вооружени сили од Крим и ставање крај на окупацијата на таа територија на Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
За резолуцијата која има советодавен карактер се изјаснија 193 членки на Генералното собрание на ОН, од кои 63 гласаа за, 17 против а 62 членки беа воздржани.
Во резолуцијата се осудува руската окупација на украинскиот Крим и Севастолол и се нагласува дека Обединетите нации не ја признаваат руската анексија на тој регион.
„Насилната окупација на Крим е нелегална и е во спротивност со меѓународните правни норми“, се наведува во резолуцијата.
Генералното собрание ги повика сите членки и меѓународни организации да ги поддржат напорите за што побрзо ставање крај на руската окупација на украинската територија.
„Генералното собрание на ОН длабоко е загрижено поради се поинтензивната руска милитааризација на Крим и трансфер на развиеното оружје на територијата на Украина, вклучувајќи ги и авионите и ракетите со нуклеарни капацитети“, се наведува во резолуцијата.
Генералното собрание посебно го осуди и тоа што Русија ги користи комплексите на украинската воена индустрија кои ги окупираше на Крим и изрази остро спротиставување и воведување на задолжително служење на воен рок за жителите на тој регион.
Во резолуцијата се наведува дека таа е од советодавен карактер и дека недвосмислено покажува став на глобалното јавно мислење за прашањето на руската окупација на Крим која трае од 2014 година.
Слична резолуција Генералното собрание на ОН усвои и минатата година.