Muhammed Temim Hocaoğlu
08 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
АНКАРА
Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека терористичката организација ЈПГ/ПКК, која дејствува под плаштот на т.н. Сириски демократски сили (СДФ), заробила најмалку 3.398 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на СНХР, Фадил Абдулгани, за АА изјави дека терористите на ЈПГ/ПКК самоволно ги затвораат луѓето и тоа без презентирање на какви било обвиненија.
„СДФ не открива ни каде во притвор ги држат заробените луѓе. Таквата практика е утврдена кога е во прашање таа организација. Нема никакви образложенија за апсењето, ниту започнуваат какви било постапки за истрага. Семејствата не се известуваат, а по тоа таа организација не се разликува од режимот на Башар ал Асад“, изјави Абдулгани.
Извештајот на СНХР е објавен откако терористите на ЈПГ/ПКК во петокот во Деир ез Зор го заробија жителот Сулејман Абд Хамуд.
Терористите ја претресле неговата куќа и го одвеле во непознат правец, а семејството не знае ништо за неговата судбина.
Од СНХР соопштија дека терористите на ЈПГ/ПКК држат во заробеништво најмалку 2.398 лица и дека ништо не се знае за нивните судбини.