İlkay Güder
10 Февруари 2018•Ажурирај: 11 Февруари 2018
АНКАРА (AA) – Најмалку двајца турски војници загинаа откако е соборен хеликоптер во текот на операцијата „Маслинова гранка", на северот на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација е потврдена од Генералштабот на Војската на Турција, во чие соопштение е наведено дека денеска околу 13:00 часот по локално време, во текот на операцијата во регионот на сирискиот град Африн е соборен еден турски хеликоптер.
Потврдено е исто така дека загинаа двајца турски војници.
„Во врска со случајот е покрената истрага. Длабоко сме погодени со веста за загинување на нашите војници. На семејствата на загинатите, на сите припадници на вооружените сили и на целиот турски народ упатуваме сочувство", пишува во соопштението.