Emel Öz Gözellik
10 Февруари 2018•Ажурирај: 11 Февруари 2018
АНКАРА - Во силниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени по Рихтер, кој го погоди источниот Тајван во вторникот, загинаа најмалку 14 лица, а 280 беа повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Исчезнати се три лица. Во потресот најмногу страдаше областа Хуалиен, каде што беа оштетени најмалку четири згради. Јапонија, како знак на поддршка, испрати тим да учествува во акциите за пребарување и спасување на затрупаните граѓани.
Од Метеоролошкото завод на Тајван соопштија дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10,6 километри, на 18 километри североисточно од регионот Хуалиен.
Хуалиен е популарна туристичка дестинација на источниот брег на Тајван и во неа живеат околу 100.000 луѓе. Во неделата, на 4 февруари, истата област ја погоди земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер.
Островот Тајван се наоѓа во близина на местото каде што се раздвојуваат две големи тектонски плочи, поради што често е погоден од земјотреси.
Во 1999 година, Тајван беше потресен од земјотрес со јачина од 7,6 степени во кој животот го загубија повеќе од 2.300 луѓе.