?????
18 Јануари 2016•Ажурирај: 18 Јануари 2016
БЕРЛИН (АА) - 95-годишниот Хуберт Зафке следниот месец ќе биде изведен пред германскиот суд каде што се товари по основ на 3.681 точки од обвинението за соучество во убиствата во озлогласениот нацистички концентрационен логор„ Аушвиц“, јавува Anadolu Agency (АА).
Зафке работел како лекар во т.н. "логор на смртта", од 15 август 1944 година до септември 1945. Во овој период во кампот пристигнале 14 возови со затвореници, меѓу кои и тинејџерката Ана Франк.
Повеќето од нив се убиени во гасните комори.
Од германскиот суд соопштија дека Зафке на 29-ти февруари ќе сведочи пред судот кој утврди дека тој е способен за судење.
Тој е обвинет за соучество во бруталното убиство на 3.681 луѓе. Покрај тоа, судот рече дека Зафке бил свесен за "целите" на кампот.
Околу 1.300.000 европски Евреи биле убиени во Аушвиц, најголемиот нацистички концентрационен логор во Германија.