Ekipa
25 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
ФРАНКФУРТ (АА) - Повеќе од 54.000 жители на јужно-германскиот град Аугсбург на Божиќ ги напуштија своите домови додека не заврши деактивирањето на авионската бомба од Втората светска војна тешка 1,8 тона, пренесува Anadolu Agency (AA).
Поради детонирањето на бомбата затворена е и градската средновековна катедрала како и зградата на Градската управа.
На жителите им е наредено да ги напуштат своите домови до 10 часот, без информации за тоа колку време ќе трае детонирањето на бомбата.
За оние жители кои немаат каде да престојуваат, властите ги отворија околните училишта. Исто така, полицијата соопшти дека во училиштата можат да престојуваат и домашните миленичиња, а јавниот градски превоз денес ќе биде бесплатен.
Денешната евакуација во Аугсбург е најголема досега, дури и поголема од евакуацијата на 45.000 лица кога беше детонирана бомбата во Кобленц во 2011 година.
Во Германија не е реткост пронаоѓањето бомби останти од Втората светска војна.
Големи делови на Аугсбург беа уништени во ноќта на 25 и 26 февруари 1944 година, кога градот го нападнаа стотици британски и американски бомбардери.