Cüneyt Karadağ
01 Јануари 2018•Ажурирај: 01 Јануари 2018
БЕРЛИН (АА) - За време на прославата на Новата година во Германија загинаа две лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Германската полиција соопшти дека двете лица загинале од огномет, додека три лица се повредени.
Во Гузов-Платков загина 35-годишен маж при активирање на огномет, а потоа директно го погодило пиротехничкото средство.
Во Клајнмахнов, 19-годишно момче починало во болница од повреда на главата здобиена при активирање на рачно изработена пиротехничка направа.
Во Цехлин тешко е повредено единаесетгодишно момче кога в лице го погодило пиротехничко средство, додека во Тирингија во пределот на очите повредено е 14-годишно момче, откако во тек на огномет го погодило пиротехничко средство.
Во Салцгитер, девојка од мигрантско потекло е повредена откако се здобила со удар во пределот на градниот кош. Таа е подложена на медицински зафат по што нејзината здравствена состојба е стабилизирана. Во врска со инцидентот приведени се три лица.