Cüneyt Karadağ
11 Мај 2017•Ажурирај: 12 Мај 2017
БЕРЛИН (АА) - Џунејт Карадаг – Тврдењата дека во германската војска се наоѓа екстремно десничарска структура којашто планира да изврши атентати на високи претставници на оваа земја и одговорноста да ја префрли на мигрантите, и понатаму ја потресува јавноста во оваа земја, пишува Anadolu Agency (AA).
Откако на 26 април беше уапсен полковникот Франко A., поради „планирање терористички напад“, минатиот вторник е приведен, па уапсен уште еден полковник во германската војска Максимилијан T. Тоа значително ги разгоре тврдењата дека во војската на Германија се наоѓаат екстремистички структури.
Федералното обвинителство на Германија наведува дека Максимилијан T., заедно со Франко A. и уште еден приведен студент, Матијас Ф., планирале да извршат „тешки злосторства кои претставуваат опасност за постоењето на државата“.
Во врска со војниците екстремисти во германската војска, спроведено е или се водат 280 истраги, а во периодот меѓу 2012 и 2016 година, 18 војници се отстранети од војската, што јасно укажува на тоа дека германската војска има проблем на овој план.
Откако во 2011 година во Германија е укинато задолжителното служење на воениот рок, во војската има сѐ поголем број екстремни десничари.
Бројните дискусии во Германија се поттикнати од фактот што воените старешини на полковникот Френсис А. ги запоставиле неговите екстремно десничарски ставови во научната работа што тој ја напишал, и дека тој се претставил како Сириец, Дејвид Бенџамин, и испратил барање за азил без да знае ниту еден збор на арапски. По 2016, откако неговото барање за азил е прифатено, добил финансиска поддршка од државата.
Тројцата германски војници и следбеници на екстремно десничарската идеологија планирале да извршат атентат на поранешниот претседател на Германија, Јоаким Гаук, и на министерот за правда, Хеико Маас, и да прикажат дека тие злосторства ги извршиле мигрантите.
Франко A. кон крајот на јануари оваа година, на аеродромот во Виена го скрил пиштолот во тоалетот за да ги помине безбедносните контроли. Потоа е следен, и фатен е на 3.февруари, кога се вратил по скриеното оружје.
Франко од германската војска украл околу три илјади парчиња муниција, која ја криел во куќата на пријател студент, кој требало да биде негов соучесник. За муницијата што е пронајдена, наведено е дека може да се користи за автоматски пушки од типот G3 и G36.
Началникот Генералштабот на германската војска, генерал Фолкер Виекер, потоа издаде наредба да се изврши претрес на касарните во оваа земја, а резултатот на оваа истрага ќе биде објавен на 16 мај.
Во врска со ситуацијата во германската војска, главен предмет на критиките е министерката за одбрана, Урсула фон дер Лајен. Таа изјави дека причина за сето тоа е „пропуст на управата“, со што комплетениот товар го префрли на војската, а подоцна ја измени својата изјава.